ДВАЈЦА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ТЕТОВО МЕЃУ 50-ТЕ ФИНАЛИСТИ ЗА НАГРАДА ОД МИЛИОН ДЕНАРИ СО ВЕБ-ПЛАТФОРМА ЗА СЕКОЈДНЕВНИ УСЛУГИ

    ДВАЈЦА СРЕДНОШКОЛЦИ ОД ТЕТОВО МЕЃУ 50-ТЕ ФИНАЛИСТИ ЗА НАГРАДА ОД МИЛИОН ДЕНАРИ СО ВЕБ-ПЛАТФОРМА ЗА СЕКОЈДНЕВНИ УСЛУГИДавид Апостолоски и Емили Андрееска се креатори на платформата „Услуги.мк“ (Фото: СДК.МК)

    Средношколците од Тетово Емили Андрееска и Давид Апостолоски влегоа во потесниот избор за награда од еден милион денари. Тие со својата платформа „Услуги.мк“ се одбрани меѓу 50-те финалисти од вкупно пријавените 438 учесници на натпреварот „Средношколец милионер“. На 17 ноември ќе се изберат 20.

    „Замислете, ви се расипа машината за перење и не знаете кого да повикате да ви ја поправи или ви треба некој да ви направи веб-страница. А, што ако постои едно место каде што можете да најдете сè што ви е потребно, од фризер до програмер, од готвач до професор по математика. Е, токму тоа е идејата за нашата веб-платформа ‘Услуги.мк‘, која ќе ги содржи сите потреби и решенија на едно место. Платформата овозможува брзо и лесно да се најде каква било услуга што ви е потребна, додека понудувачите добиваат можност да бидат видливи онлајн. На овој начин го олеснуваме пребарувањето на услуги и ја зголемуваме видливоста на понудувачите“, велат Емили и Давид.

    „Средношколец милионер“ е најголемиот натпревар организиран во Македонија. Главна награда е 1.000.000 денари, а натпреварот го организираат Академиите за талентирани средношколци и „Бреинстер некст колеџ“. Право на учество имаат сите активни средношколци на возраст од 14 до 19 години од цела Македонија, без разлика дали се од државни или приватни средни училишта. Идеите со кои средношколците се натпреваруваат се ставени на сајтот милионер.мк, каде што секој може да гласа и да даде поддршка за предложените апликации.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира