ЗЕЛЕНСКИ СМЕНИ ДВАЈЦА МИНИСТРИ ПОРАДИ КОРУПЦИСКАТА ШЕМА ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВОДЕНА ОД НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ

    ЗЕЛЕНСКИ СМЕНИ ДВАЈЦА МИНИСТРИ ПОРАДИ КОРУПЦИСКАТА ШЕМА ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ВОДЕНА ОД НЕГОВ ПРИЈАТЕЛСменетиот министер за правда Герман Галушченко се спомнувал во прислушуваните разговори (Фото: Гети)

    Володимир Зеленски отпушти двајца министри кои се обвинети дека се вмешани во големиот корупциски скандал во енергетскиот сектор на земјата од 100 милиони долари. Тој кажа дека министерот за правда Герман Галушченко, кој вчера беше суспендиран од премиерката Јулија Свириденко и министерката за енергетика Свитлана Гринчук веќе не можат да останат на своите функции.

    Зеленски исто така побара санкции за неговиот пријател и поранешен деловен партнер Тимур Миндич, кој се смета за водач на криминална банда која изградила голема корупциска шема за да влијае врз стратешките претпријатија од јавниот сектор, особено врз државниот оператор за нуклеарна енергија „Енергоатом“.

    Мора да има максимален интегритет во енергетскиот сектор во апсолутно сите процеси. Ја поддржувам секоја истрага спроведена од антикорупциските агенции. Ова е апсолутно јасен и конзистентен став за сите“, кажа Зеленски и вети дека оние го кршат законот ќе сносат одговорност.

    „Во моментов, за сите во Украина е исклучително тешко: прекини на електричната енергија, руски напади и загуби. Апсолутно е неприфатливо што, среде сето ова, постојат и корупциски шеми во енергетскиот сектор“.

    Истрагата на антикорупциските агенции траела 15 месеци, при што биле снимени 1.000 часови прислушувани разговори, во кои се споменувале Миндич и Герашченко. Досега се приведени пет лица и уште седум се поврзуваат со шемата од 100 милиони долари.

    Миндич избегал во странство, наводно во Израел, неколку часа пред истражителите да пристигнат во неговиот стан во Киев за да извршат претрес. Тој порано бил близок со Зеленски, но според некои извори, малку комуницирале по почетокот на руската инвазија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира