На 11 јануари ќе се одржат повторните избори за градоначалник во Општините Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Шретседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша Локалните избори за овие четирите општини откако на 19 октомври на првиот круг немаше доволен одѕив на гласањето.
За 13 часот седница закажа и Државната изборна комисија (ДИК), која треба да ги почне подготовките за повтореното гласање во овие општини.
Според ДИК, во овие општини не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни. Во Гостивар одзивот беше 33,31 процент, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49%.
Согласно член 132 став (2) од Изборниот законик, во вакви случаи се повторува целата изборна постапка, а повторените избори ќе се одржат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати, без повторно условување со цензусот од една третина, како што е предвидено со член 132-а.



