ЕДЕН ЗАГИНАТ И СЕДУММИНА ПОВРЕДЕНИ КИНЕСКИ МИГРАНТИ ВО ПРЕВРТЕН КАМИОН СО ПРИКОЛКА НА ПАТОТ ВАЛАНДОВО-ДОЈРАН

    ЕДЕН ЗАГИНАТ И СЕДУММИНА ПОВРЕДЕНИ КИНЕСКИ МИГРАНТИ ВО ПРЕВРТЕН КАМИОН СО ПРИКОЛКА НА ПАТОТ ВАЛАНДОВО-ДОЈРАНВо несреќата е повреден и возачот, 52-годишен жител од Србија, кој по несреќата дознал дека во камионот се превезувале и мигранти. (Фото: СДК.МК)

    Кинеска државјанка загина, а седуммина нејзини сонародници се повредени, откако утрово се преврте камион со полуприколка на патот Валандово-Дојран. Сите тие како мигранти биле качени на приколката со намера да транзитираат од Србија кон Грција. Несреќата се случила околу четири часот, кога камионот „мерцедес“ со српски регистарски ознаки натоварен со топови хартија изгубил контрола и излетал од патот.

    Во несреќата е повреден и возачот, 52-годишен жител од Србија, кој по несреќата дознал дека во камионот се превезувале и мигранти.

    „Товарно возило ‘мерцедес’ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С. М. (52) од Србија, излетало од коловозот. Од здобиените повреди, на местото починало женско лице – мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција. Со повреди се здобиле уште седум лица – мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката“, соопшти МВР.

    Зо извлекување на повредените работеле струмичките и гевгелиските пожарникари. На местото на несреќата излегоа екипи на полциијата и јавен обвинител за да ги утврдат причините за превртувањето на камионот.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира