ОДРЕДЕНИ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ СО КРАН НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ПОМРДНЕМЕ ОД ПОЗИЦИИТЕ, МАЛКУ ИМ БИЛЕ 3.000 ЕВРА И САКАЛЕ 5.000 ЕВРА ПЛАТА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ОДРЕДЕНИ СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ СО КРАН НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ ПОМРДНЕМЕ ОД ПОЗИЦИИТЕ, МАЛКУ ИМ БИЛЕ 3.000 ЕВРА И САКАЛЕ 5.000 ЕВРА ПЛАТА, РЕЧЕ МИЦКОСКИНие водиме јавна дебата со поединци, не се тоа мнозинство судии и обвинители туку поединци кои зафатиле позиции, не се мрдаат, со кран не можеме да ги помрднеме од таму каде што се. Седат грчевито се борат за функцијата,рече Мицкоски одговарајќи на новинатско прашање при посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.(Фото: СДК.МК)

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека одредени судии и обвинителите не можат ниту со кран да се поместат од позициите на кои се наоѓаат и повторно ги нападна дека бараат платите да им бидат 5.000 евра, а тврди дека сега земаат по 3.000 евра.

    „Не знам дали некогаш во демократска Македонија и пошироко се случило здружно обвинители и судии да нападнат претседател на Влада за кажан збор во демократска држава. Јас тоа го доживеав. Така да не знам како би можело да има политичко мешавање од страна на Владата, тоа го исклучувам. Но, има политичко мешање и притисок од страна на опозицијата, гледате прво велат премиерот и Владата се виновни и вршат притисок врз судиите кои се чесни и си ја вршат работата, но ајде да формираме анкетна комисија и да ја префрлиме работата во Парламент. Сега ако се добри, ако се чесни и си ја вршат работата како треба зошто има потреба од анкетна комисија. Ние видовме како жилаво се борат за поголем буџет, за повеќе пари, тоа се народни пари, не се тоа пари кои ги приходуваат. Ние водиме јавна дебата со поединци, не се тоа мнозинство судии и обвинители туку поединци кои зафатиле позиции, не се мрдаат, со кран не можеме да ги помрднеме од таму каде што се. Седат грчевито се борат за функцијата, Малку им биле 3.000 евра, сакале 5.000 евра месечна плата во држава во која просечната плата е 750 евра“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, при посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

    Минатата недела, Судскиот совет, Здружението на судии и Врховниот суд му пишаа отворено писмо на премиерот. Судиите рекоа дека веќе подолго време коментарите на Мицкоски за судиите и судството ја преминале границата на доброто однесување и преминале во неаргументирани и паушални напади.

    Понатаму, судиите велат дека последниот извештај на Европската комисија „јасно нагласува дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, која е поткопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт“. 

    Исто така, во извештајот се вели дека проблем е финансиската зависност на судството од државниот буџет, а во оваа смисла платите на судиите се само еден сегмент од финансиската независност, велат судиите.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира