На денешното рочиште од судењето за насилството во Општина Центар и нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски не дојдоа обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова, ниту другите 13-мина обвинети. Судијката Татјана Михајлова кажа дека обвинетите едноставно не доставиле образложение зашто не дошле.
Денеска во Кривичниот суд требаше да почне главната расправа од судењето, но во судницата беа само специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи и тројца адвокати на обвинетите.
Следното рочиште е закажано за 3 мај, а судијката рече дека судењето се одложува затоа што уште не е одлучено по жалбите на СЈО, без да прецизира за кои жалби станува збор. За следното рочиште ќе бидат повикани над 20 сведоци, главно советници од општината. Прв сведок е градоначалникот Андреј Жерновски.
Фатиме Фетаи ја потсети Михајлова дека не ја доставува аудио снимката од рочиштето од 16 декември, за да ја утврди СЈО нејзината кривична одговорност, на што Михајлова ја опомена фатиме дека и упаѓа во збор. Рече дека многу брзо зборувала.