Генералниот секретар на Антикорупциската комисија Адем Чучуљ, кој на интервјуата со уште 10 кандидати ги доби највисоките бодови во Собранието од експерти однадвор, ќе биде кандидатот за нов претседател на Комисијата.
Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата едногласно денеска го предложи Адем Чучуљ за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата. Предлог-одлуката на собраниската Комисија за избори и именувања ќе оди на пленарна седница која ќе се одржи на почетокот на декември.
Чучуљ е дипломиран правник со положен правосуден испит. На интервјуто спроведено од Комисијата за селекција тој доби 96,5 бодови.
Огласот за пријавување кандидати за претседател на ДКСК беше објавен летово откако досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинението во случајот „Адитив. Таа е обвинета за оддавање податоци на еден од главните обвинети, што се смета за службена тајна, но и за фалсификување на исправа.
С. К. ДЕЛЕВСКА



