ТЕТОВО ДОБИ ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИК, АЛБИ ЌАМИЛИ ЌЕ ГО МЕНУВА КАСАМИ КОГА ЌЕ БИДЕ ОТСУТЕН ЗА ДА НЕ ТРПИ РАБОТАТА ВО ОПШТИНАТА

    ТЕТОВО ДОБИ ЗАМЕНИК-ГРАДОНАЧАЛНИК, АЛБИ ЌАМИЛИ ЌЕ ГО МЕНУВА КАСАМИ КОГА ЌЕ БИДЕ ОТСУТЕН ЗА ДА НЕ ТРПИ РАБОТАТА ВО ОПШТИНАТААлби Ќамили беше носител на листата на „Вреди“ на последните локални избори (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, денеска пред новинарите го претстави неговиот заменик Алби Ќамили. Касами кажа дека функцијата заменик-градоначалник постои во Статутот на Општината, но досега не била активирана.

    „Имајќи предвид дека јас сум ангажиран и надвор од функцијата градоначалник во политичкиот дел, ова ќе придонесе да нема застој во активностите во рамките на Општина Тетово и услугата за нашите граѓани да биде беспрекорна. Оваа одлука е во согласност со Законот за локална самоуправа и Статутот на Општина Тетово, каде што се предвидува дека во отсуство на градоначалникот до шест месеци, тој определува еден член на Советот кој ќе го заменува. За време на замената, градоначалникот го известува Советот дека одреден советник го заменува на функцијата градоначалник, а во тој период функцијата на советникот ќе биде во мирување сѐ додека не се врати градоначалникот“, изјави Касами.

    Алби Ќамили е советник од редовите на БЕСА и беше носител на листата на „Вреди“ на последните локални избори. Иако се очекуваше дека тој ќе стане претседавач на Советот на Општина Тетово, таа функција му беше доделена на Јусуф Абдули од партијата Алтернатива.

    Претставувајќи го заменик-градоначалникот, Касами истакна дека Ќамили дипломирал дипломатија, а сега следи мастер програма по уставно право.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира