УКРАИНА БАРА СРЕДБА ЗЕЛЕНСКИ-ТРАМП ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ ЗА ДА СЕ СКЛУЧИ МИРОВЕН ДОГОВОР

    УКРАИНА БАРА СРЕДБА ЗЕЛЕНСКИ-ТРАМП ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ ЗА ДА СЕ СКЛУЧИ МИРОВЕН ДОГОВОРНајмалку седум луѓе загинаа во ноќешниот руски напад врз Киев (Фото: АП)

    Украина се надева дека ќе успее да договори средба Володимир Зеленски-Доналд Трамп во САД до крајот на месецот, додека се засилуваат дипломатските напори за крај на војната. Американски функционер изјави за „Си-Би-Ес њуз“ дека Украина го прифатила американскиот мировен план, но останува да се решат некои мали детали.

    Киев не го коментираше ова, а Белата куќа засега нема потврдено дека Зеленски и Трамп ќе се сретнат. Американска делегација, предводена од секретарот на американската војска Ден Дрискол, денеска ќе разговара со руски претставници во Абу Даби. Не е познато кој е во руската делегација и за што точно ќе се разговара.

    Шефот за националната безбедност на Украина, Рустем Умеров, изјави дека негов тим работи на договарање средба Зеленски-Трамп „на најраниот поволен датум во ноември“ за да се комплетираат последните чекори и да се склучи договор со американскиот претседател.

    На разговорите во Женева викендов, делегациите на САД и Украина постигнаа заедничко разбирање за основните услови од мировниот план“, кажа Умеров.

    Оригиналниот план од 28 точки бил изменет во Женева и намален на 19 точки, откако Украина и европските лидери изразија загриженост дека тој ја фаворизира Русија и ѝ дава премногу отстапки. Советникот за надворешна политика на Кремљ, Јури Ушаков, ја отфрли изменетата верзија на планот, кој, меѓу другото, бара замрзнување на фронтот на сегашните линии, место отстапување територии на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира