ВО МВР НЕМА СТИГНАТО БАРАЊЕ ОД КРИВИЧНИОТ СУД ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЕАД КОЧАН ВО ПРИТВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО МВР НЕМА СТИГНАТО БАРАЊЕ ОД КРИВИЧНИОТ СУД ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЕАД КОЧАН ВО ПРИТВОР

    Одделот за потраги во МВР се уште нема добиено барање од Основниот суд Скопје 1 за приведување на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан во истрагата што ја поведе СЈО под кодно име „Труст“. Вчера, Кривичниот суд во Скопска единица, по жалба на СЈО, одлучи на Кочан сепак да му биде одредена мерка притвор од 30 дена, иако судија во претходна постапка првично го одби барањето на притвор.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто МВР се уште не го приведува Сеад Кочан и не го спроведува до истражниот затвор „Скопје“ во Шутка, кога Кривичниот суд на веб страната ја објави одлуката во која пишува дека се наложува на овластените лица од МВР да го сторат тоа, во Министерството ни одговорија:

    „Не бараме, не апсиме и не спроведуваме осомничени во притвор на база на објавени одлуки на нечија веб страна. Основниот суд Скопје 1 се уште не испратил официјално барање до МВР за лишување од слобода и за спроведување на осомниченото лице С. К. за кое прашувате. Оној момент кога ќе биде испратено, ќе постапиме“, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК официјални лица од МВР.

    СЈО на 25 февруари отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на прес-конференција изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

    Покрај Кочан, осомничен е и Василије Авировиќ, синот на пратеничката од Социјалистичката партија на Љубисав Иванов – Ѕинго, Владанка Авировиќ. За него СЈО побара и судијата на претходна постапка одобри мерки на претпазливост.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира