АКО ТРЕБА, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДО ПОСЛЕДНИОТ УКРАИНЕЦ, КАЖА ПУТИН, БАРАЈЌИ ЦЕЛОСНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА УКРАИНСКИТЕ ТРУПИ ОД ДОНБАС

    АКО ТРЕБА, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДО ПОСЛЕДНИОТ УКРАИНЕЦ, КАЖА ПУТИН, БАРАЈЌИ ЦЕЛОСНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА УКРАИНСКИТЕ ТРУПИ ОД ДОНБАСПутин инсистира на законско признавање на Крим и источните региони Луганск и Доњецк (Фото: Кремљ)

    Владимир Путин го повтори своето основно барање за завршување на војната во Украина, велејќи дека Русија ќе ги прекине борбите само ако украинските трупи се повлечат од територијата што ја бара Москва. Путин долго време бара законско признавање на украинските територии окупирани од Русија, што ги вклучува Крим и источните региони Луганск и Доњецк, што сѐ уште не го контролира во целост.

    Зборувајќи по обраќањето на Путин во Киргистан, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Русија ги отфрла напорите за вистинско завршување на војната. Путин притоа го обвини Киев дека сака да се бори до последниот Украинец, додавајќи дека Русија е спремна на тоа.

    Тој нагласи дека руските сили имаат иницијатива на фронтот и ќе ги прекинат борбите дури откако украинските трупи ќе се повлечат од Донбас.

    Ако не се повлечат, ќе го оствариме тоа со сила“, кажа Путин.

    Руските сили бавно напредуваат во источна Украина, проследено со значајни загуби и Институтот за проучување војна проценува дека со ова темпо ќе им требаат повеќе од две години за да го заземат целиот Донбас.

    Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф следната недела ќе допатува во Москва за разговори за американскиот мировен план, кој првично предвидувал Украина да го предаде целиот Донбас. Планот во меѓувреме бил изменет поради критиките дека премногу ја фаворизира Русија.

    Путин кажа дека Русија официјално не го добила новиот нацрт-план, но дека тој би можел да послужи како основа на иден мировен договор.

    Сепак, апсолутно е неопходно да се дискутира за одредени точки“, рече Путин.

    На прашањето за можноста Крим и Донбас да бидат признати за де факто руски, но не и законски, Путин одговори:

    Ова е поентата на нашата дискусија со американските колеги“.

    Во средата, Доналд Трамп изјави дека постојат само уште неколку точки на несогласување помеѓу Русија и Украина. Путин кажа дека секое потпишување договор со актуелните украински власти би било бескорисно зашто тие се нелегитимни. Поради воената состојба во земјата од 2022 година, Украина според уставот не можеше да одржи избори досега.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира