Музејот Лувр соопшти дека ќе ги зголеми цените на влезниците за посетители од земји надвор од Европската Унија, при што туристите од Обединетото Кралство, САД и Кина ќе треба да платат 32 евра, 10 евра повеќе од сегашната цена на влезница.
Се очекува дека зголемувањето од 45 отсто ќе ја зголеми годишната заработка за до 20 милиони евра, кои ќе се искористат за структурни обновувања по грабежот минатиот месец.
Лувр одлучи да ја зголеми цената на влезниците за посетителите од земји надвор од Европа за 45% почнувајќи од 2026 година. Од 14 јануари, државјаните од земји надвор од Европската економска област (ЕЕА, која ги опфаќа земјите членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка) ќе треба да платат 32 евра за да го посетат најпосетениот музеј во светот.
Одборот на директори на Лувр вчера го одобри ова зголемување, кое особено ги погодува Американците, кои се најголемата група странски посетители, но и на кинеските посетители, кои се трети според бројноста, согласно извештајот за активностите на музејот за 2024.
Лувр минатата година го посетиле 8,7 милиони луѓе, од кои 69 отсто биле од странство.



