ПОСТАВЕНА ГОЛЕМА НОВОГОДИШНА ЕЛКА НА ПЛОШТАДОТ ВО ШТИП, ЦЕЛ ДЕКЕМВРИ ЌЕ ИМА БАЗАР И НОВОГОДИШНА ПРОГРАМА

    ПОСТАВЕНА ГОЛЕМА НОВОГОДИШНА ЕЛКА НА ПЛОШТАДОТ ВО ШТИП, ЦЕЛ ДЕКЕМВРИ ЌЕ ИМА БАЗАР И НОВОГОДИШНА ПРОГРАМАЕлката ќе се осветли денеска, а новото штипско шеталиште, на кое веќе се поставени новогодишните куќички, цел месец ќе биде новогодишен базар со секојдневна музичка програма. (Фото: СДК.МК)

    Во Штип изминатава недела се украсуваат главните улици, кејот на реката Отиња и Градскиот плоштад. Општинските служби официјално највија дека од денеска започнува декемвриската новогодишна програма.

    „Решивме цел декември, па и во јануари, да има разновидна новогодишна програма. Од денеска, Штип новогодишно блеснува што значи од денеска со поставувањето и осветлувањето на големата елка на Градскиот плоштад започнува штипската новогодишна бајка. Сепак, главните новогодишни програми ќе се одржуваат на улицата Ванчо Прќе која веќе трета година е шеталиште и е најпогодна локација за вакви програми“, вели градоначалникот Иван Јорданов.

    Тој најави дека новото штипско шеталиште, на кое веќе се поставени новогодишните куќички, цел месец ќе биде новогодишен базар со секојдневна музичка програма. Ќе настапуваат локалните музички состави од сите возрасти, почнувајќи од градинките, па  до музичките групи кои ќе настапуваат неколку дена пред Нова година.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира