ЦЕЛО РАКОВОДСТВО НА СДСМ ПОДНЕСЕ ОСТАВКИ ПО БАРАЊЕ НА ФИЛИПЧЕ

    ЦЕЛО РАКОВОДСТВО НА СДСМ ПОДНЕСЕ ОСТАВКИ ПО БАРАЊЕ НА ФИЛИПЧЕСо овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје, велат од опозициската партија. (Фото: СДСМ)

    Цело раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ вечерва поднесоа оставки откако тоа од нив го побара претседателот на партијата Венко Филипче. Оставки поднесоа заменичката-претседател Фани Каранфилова-Пановска, потпретседателите Каја Шукова, Кристина Костова, Методија Илиевски и Ана Чупеска, како и генералниот секретар Александар Димитриевиќ.

    „Оставките се поднесени до Централниот одбор на партијата и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во СДСМ. Со овој одговорен и морален чекор раководството на СДСМ отвори простор за ново поглавје. Следува период на кадровско освежување и зајакнување, вклучување и на нови лица, организациска поставеност, внатрешна мобилизација, за нова сила и нова енергија на СДСМ“, велат од СДСМ.

    Од опозициската партија додаваат дека на една од наредните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи избор за членови за органите на партијата а за функциите ќе се бираат најкомпетентни личности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира