Поранешниот градоначалник на Општина Сопиште Стевче Трпковски е нов директор на ЈП „Дрисла“, соопштија од Град Скопје.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски покрај на депонијата „Дрисла“ назначи нов директор и на ЈП „Градски паркинг“. На оваа функција е поставен Владимир Кроневски од партијата Демократски сојуз, кој досега беше директор на Службен весник.
Кроневски во мандатот на градоначалниците Коце Трајановски и Петре Шилегов беше дел од ова претпријатие најпрво како раководител на секторот паркиралишта, а потоа и како помошник-директор.
А. АНТЕВСКА



