ОД ПРОТЕЧЕНИ ЦЕВКИ ВО ЛУВР ОШТЕТЕНИ 400 КНИГИ ВО ОДДЕЛОТ ЗА СТАР ЕГИПЕТ

    ОД ПРОТЕЧЕНИ ЦЕВКИ ВО ЛУВР ОШТЕТЕНИ 400 КНИГИ ВО ОДДЕЛОТ ЗА СТАР ЕГИПЕТДржавниот ревизорски орган на Франција објави дека неспособноста на музејот да ја обнови својата инфраструктура била влошена поради прекумерното трошење за уметнички дела. (Фото: Гети )

    Книги во Одделот за Стар Египет во парискиот музеј Лувр се оштетени поради протекување вода, објави специјализираната веб-страница „Ла Трибун де л’арт“ (La Tribune de l’Art). На 19 октомври, 4 крадци среде бел ден украдоа скапоцен кралски накит вреден 88 милиони евра, откривајќи очигледни безбедносни пропусти во Лувр.

    Веб-страницата објави дека минатиот месец околу 400 ретки книги биле оштетени поради лошата состојба на цевките. Одделот одамна барал средства за да ја заштити колекцијата од вакви ризици, но без успех. Заменик-директорот на Лувр, Франсис Штајнбок, за ТВ БФМ изјави дека протекувањето на водата се случило во една од трите простории на библиотеката на Одделот за Стар Египет.

    „Идентификувавме меѓу 300 и 400 дела, бројката сè уште се утврдува“, рече тој, додавајќи дека оштетените книги биле „оние што ги користат египтолозите, но не и вредни или драгоцени книги“. Тој призна дека проблемот бил познат со години и рече дека поправките биле планирани за септември 2026.

    Во ноември, структурни слабости доведоа до делумно затворање на една од галериите што изложува грчки вазни и канцеларии.

    Извештај, објавен во октомври од државниот ревизорски орган на Франција, наведе дека неспособноста на музејот да ја обнови својата инфраструктура била влошена поради прекумерното трошење за уметнички дела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира