БЕБЕ НА ВОЗРАСТ ОД ОСУМ ДЕНА БЕЗ ЗНАЦИ НА ЖИВОТ БИЛО ДОНЕСЕНО ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА

    БЕБЕ НА ВОЗРАСТ ОД ОСУМ ДЕНА БЕЗ ЗНАЦИ НА ЖИВОТ БИЛО ДОНЕСЕНО ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦАРодителите го нашле бебето починато кога се разбудиле (Фото: СДК.МК)

    Бебе на возраст од само осум дена без знаци на живот било донесено вчера во прилепската болница „Борка Талески“, соопшти СВР Битола.

    „На 11.12.2025 во 08:35 часот, во СВР Битола е пријавено дека на Детското одделение при Општата болница во Прилеп без знаци на живот било донесено бебе на возраст од осум дена. По наредба на јавен обвинител, телото на бебето е дадено на обдукција“, велат од СВР Битола.

    Од Обвинителството велат дека по наредената обдукција ќе се чека вештиот наод за да се утврдат причините за смртта. За случајот е известен и Центарот за социјални работи во Прилеп.

    Родителите го нашле бебето починато кога се разбудиле. Ова било трето дете на мајката, која има и 17-месечно бебе и тригодишно дете.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира