РУСИЈА Е СПРЕМНА ДА ЈА ЗАБРЗА ОФАНЗИВАТА И ДА ЈА ПРОШИРИ ТАМПОН ЗОНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА ПУТИН

    РУСИЈА Е СПРЕМНА ДА ЈА ЗАБРЗА ОФАНЗИВАТА И ДА ЈА ПРОШИРИ ТАМПОН ЗОНАТА ВО УКРАИНА, КАЖА ПУТИНПутин ги отфрли предупредувањата за руски напад врз Европа како лаги и глупости (Фото: АФП)

    Владимир Путин тврди дека руските сили презеле стратешка иницијатива на целиот фронт во Украина и најави дека Русија ќе ја прошири таканаречената безбедносна тампон зона и ќе продолжи да развива оружја. Зборувајќи на состанок на бордот на руското министерство за одбрана, Путин кажа дека 2025 година донела значаен напредок во пошироката воена кампања.

    Според него, руските сили зазеле повеќе од 300 населени места оваа година и биле способни да ги забрзаат офанзивните операции во стратешки важните области на бојното поле.

    „Руските вооружени сили го уништуваат непријателот, вклучувајќи ги елитните единици обучувани во западните воени центри“, рече Путин.

    Истакнувајќи ја модернизацијата на морнарицата, Путин тврди дека таа добила нови подморници и 19 бродови и потсети на успешните тестирања на крстосувачкиот проектил „буревесник“ и подморскиот дрон „посејдон“.

    „Проектилот ‘орешник‘ ќе биде ставен во борбена готовност до крајот на годината“, додаде Путин.

    Тој повторно ги отфрли предупредувањата за руски напад врз Европа како „лаги и глупости“, обвинувајќи ги европските политичари за ширење страв и хистерија.

    „Русија има намера да ја прошири безбедносната тампон зона во Украина и ќе ги оствари сите цели на специјалната воена операција“, порача рускиот претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира