НОЌЕСКА СПРЕЧИВМЕ ЕВРОПСКАТА УНИЈА ДА Ѝ ОБЈАВИ ВОЈНА НА РУСИЈА, ВЕЛИ ОРБАН

    НОЌЕСКА СПРЕЧИВМЕ ЕВРОПСКАТА УНИЈА ДА Ѝ ОБЈАВИ ВОЈНА НА РУСИЈА, ВЕЛИ ОРБАНОрбан кажа дека нема да дозволи парите на унгарските граѓани да се користат за финансирање на Украина (Фото: Икс)

    Виктор Орбан изјави дека ноќеска било спречено Европската Унија да ѝ објави војна на Русија така што не беше прифатен планот за користење на замрзнатите руски милијарди како заем за Украина. Тој кажа дека се согласил да не ја блокира другата опција за одобрување заем за Украина од 90 милијарди евра, но Унгарија нема да учествува во оваа шема, заедно со Чешка и Словачка.

    Не дозволивме Европа да ѝ објави војна на Русија, користејќи ги нејзините средства. Овој план ќе ја вовлечеше Европа во војна и ќе ѝ наметнеше на Унгарија финансиски товар од 1.000 милијарди унгарски форинти. Успеавме да ги заштитиме унгарските семејства од ова. Во исто време, 24 земји-членки одлучија да ѝ доделат воен заем на Украина за следните две години. Доколку Украина не е во можност да го врати заемот, тие европски земји ќе мора да ја покријат отплатата. Унгарија и во тоа нема да учествува и така ги спасивме идните генерации од товарот на овој заем од 90 милијарди евра“, кажа Орбан.

    По повеќе од два дена разговори во Брисел, лидерите на ЕУ постигнаа договор за заем за Украина од 90 милијарди евра без да ги користат замрзнатите руски средства. Тие сметаат дека овој договор ќе ги задоволи воените и економските потреби на Украина за следните две години.

    Лошата вест е дека подготовките за војна очигледно продолжуваат во Брисел. Унгарија останува гласот на мирот во Европа и нема да дозволи парите на унгарските граѓани да се користат за финансирање на Украина. Доколку имаше бриселска влада во Унгарија, таа ќе ја турнеше Унгарија во војна и ќе потрошеше сè за поддршка на Украина. Не можеме и нема да дозволиме ова да се случи“, порача Орбан.

    Без помош од ЕУ, Украина ќе остане без пари за неколку месеци и ќе биде во опасност да ја изгуби војната. ЕУ проценува дека на Украина ѝ се потребни дополнителни 135 милијарди евра за да остане ликвидна во следните две години, а финансиската криза ќе започне во април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира