ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ЦЕЛОСНО ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ВОЈСКАТА ОД ГАЗА

    ИЗРАЕЛ ВЕЛИ ДЕКА НИКОГАШ НЕМА ЦЕЛОСНО ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ВОЈСКАТА ОД ГАЗАСпоред мировниот план, израелската војска треба постепено и целосно да се повлече од Газа (Фото: АП)

    Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војската нема никогаш целосно да се повлече од Газа од безбедносни причини и дека таму ќе се воспостави цивилно-воена армиска единица.

    Според мировниот план што Израел и Хамас го потпишаа во октомври, израелската војска треба постепено и целосно да се повлече од Газа, а Израел нема повторно да формира цивилни населби во енклавата.

    Ние сме сместени длабоко во Газа и никогаш нема да ја напуштиме во целост. Никогаш нема да има такво нешто. Ние сме таму заради заштита, да го спречиме она што се случи“, рече Кац, алудирајќи на крвавиот упад на Хамас во Израел на 7 октомври 2023, што ја поттикна двегодишната војна, во која загинаа десетици илјади Палестинци.

    Порачувајќи дека Израел никому не верува кога е во прашање заштитата на неговите граѓани, Кац кажа дека цивилни израелски единици треба да се формираат и во Либан и Сирија.

    Израел ги повлече еврејските населби од Газа во 2005 и премиерот Бенјамин Нетанјаху постојано ја отфрлаше можноста за нивно повторно фомирање. Во Израел ќе се одржат избори следната година и се очекува прашањето за населбите да биде едно од клучните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира