ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФУДБАЛЕР ВАСИЛ РИНГОВ

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФУДБАЛЕР ВАСИЛ РИНГОВРингов беше еден од најуспешните македонски фудбалери кој за ФК „Вардар“ постигнал 93 гола; - Со Дарко Панчев на ланската промоција на книгата за него. (Фото: К. Попов)

    Легендарниот фудбалер Васил Рингов почина денеска во Скопје по кусо боледување, објави Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Имаше 70 години.
    „Денес не жалиме само за човек, туку за едно време на мерка, чест и достоинство. Има луѓе што не си заминуваат. Само се повлекуваат чекор наназад, за да нè гледаат од тишината. Васил Рингов беше од тие. Тивок, исправен, свој. Фудбалот за него не беше сцена, туку одговорност. Не зборуваше многу, ама кога зборуваше, имаше тежина. Кога работеше, оставаше белег“, вели ФФМ во објавата.
    Рингов е роден во Струмица на 17 април во 1955 и се смета за еден од најуспешните македонски фудбалери. Како тинејџер почнал да игра во ФК „Беласица“ во Струмица, по што што продолжил во „Партизан“ од Белград. Потоа играл за македонските клубови „Тетекс“ и „Вардар“, каде што ги постигнал најголемите успеси. За тимот на „Вардар“ одиграл над 200 лигашки натпревари и постигнал 93 гола. Кратко играл и за „Динамо“ од Загреб, како и за германскиот „Ајнтрахт Брауншвајг“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира