БРИТАНЦИ СИ ЈА ВНЕСЛЕ ПОЧИНАТАТА БАБА ВО АВИОН НА „ИЗИЏЕТ“ ОТКАКО РЕКЛЕ ДЕКА САМО ОДМАРА

    БРИТАНЦИ СИ ЈА ВНЕСЛЕ ПОЧИНАТАТА БАБА ВО АВИОН НА „ИЗИЏЕТ“ ОТКАКО РЕКЛЕ ДЕКА САМО ОДМАРА„Изиџет“ инсистираше дека патничката била жива кога се качила во авионот (Фото: Шатерсток)

    Постара Британка била внесена во количка на лет на „Изиџет“ од Малага до Лондон кога веќе била мртва, тврдат шокираните туристи.

    Роднини ѝ помогнале на 89-годишната жена да се качи во авионот и според сведоците, му кажале на персоналот на авиокомпанијата дека таа не е добро и дека заспала. Но, непосредно пред полетувањето, екипажот бил известен дека жената починала. Авионот бил вратен пред да ја напушти пистата, а летот бил одложен за 12 часа.

    Патници во авионот раскажаа како телото на жената било однесено со инвалидска количка до седиштата во задниот дел од авионот и ставено на нејзиното седиште со помош на пет члена од нејзиното семејство. При влегувањето во авионот тие само рекле дека „жената е уморна“.

    Авионот се движел кон крајот на пистата, кога драматично застанал неколку моменти пред полетувањето откако екипажот сфатил дека жената е мртва, рекоа сведоците.

    „Изиџет“ инсистираше дека патниците грешат и дека патничката имала потврда дека е способна за летање и била жива кога се качила во авионот.

    Од првиот момент кога ја видов жената знаев дека не е жива. Нејзиното семејство разговараше со неа и се однесуваше како да е жива“, изјави 19-годишната патничка Елизабет Роуланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира