МУЗИЧАРИТЕ ГО ОТКАЖАА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ БОЖИКЕН ЏЕЗ КОНЦЕРТ ВО ЦЕНТАРОТ „КЕНЕДИ“ ОТИ ТРАМП ГО ДОДАДЕ СВОЕТО ИМЕ НА ОБЈЕКТОТ

    МУЗИЧАРИТЕ ГО ОТКАЖАА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ БОЖИКЕН ЏЕЗ КОНЦЕРТ ВО ЦЕНТАРОТ „КЕНЕДИ“ ОТИ ТРАМП ГО ДОДАДЕ СВОЕТО ИМЕ НА ОБЈЕКТОТОд 19 декември, на фасадата на зградата пишува „Доналд Џ. Трамп и Меморијалниот центар за сценски уметности Џон Ф. Кенеди“, иако законот експлицитно му забранува на одборот да го претвори центарот во споменик на некој друг и да стави име на друго лице на надворешноста на зградата. (Фото: АП)

    Планираниот божикен џез концерт во Центарот „Кенеди“ во Њујорк, празнична традиција стара над 20 години, е откажан. Водителот на концертот, музичарот Чак Ред, вели дека го откажал настапот откако Белата куќа минатата недела објави оти името на претседателот Доналд Трамп ќе биде додадено на објектот.

    Од 19 декември, на фасадата на зградата пишува „Доналд Џ. Трамп и Меморијалниот центар за сценски уметности Џон Ф. Кенеди“. Според Белата куќа, одборот избран од претседателот ја одобрил одлуката, за која научниците велат дека го крши законот. Трамп со месеци сугерираше дека е отворен за промена на името на центарот.

    „Кога ја видов промената на името на веб-страницата на Центарот ‘Кенеди’, а потоа и неколку часа подоцна на зградата, решив да го откажам нашиот концерт“, изјави Ред за Асошиејтед Прес.

    Ред, тапанар и вибрафонист кој бил на турнеи со сите, од Дизи Гилеспи до Реј Браун, го води празничниот „Џез џемс“ во Центарот „Кенеди“ од 2006, наследувајќи го басистот Вилијам „Кетер“ Бетс.

    Претседателот Кенеди беше убиен во 1963, а Конгресот следната година донесе закон со кој центарот беше именуван како жив споменик во негова чест. Внуката на Кенеди, Кери Кенеди, вети дека ќе го отстрани името на Трамп од зградата откако тој ќе ја напушти функцијата, а поранешниот историчар на Претставничкиот дом, Реј Смок, е меѓу оние кои велат дека сите промени ќе мора да бидат одобрени од Конгресот.

    Законот експлицитно му забранува на одборот на доверители да го претвори центарот во споменик на некој друг и да стави име на друго лице на надворешноста на зградата.

    Републиканецот Трамп беше длабоко вклучен во центарот именуван по иконски демократ, откако во најголем дел го игнорираше за време на неговиот прв мандат. Тој принудно го смени неговото раководство,  го промени одборот додека се подготвуваше себеси да го води и лично беше домаќин на овогодишните почести во Центарот „Кенеди“, кршејќи ја долгата традиција на претседатели кои главно беа гледачи. Промените во Центарот „Кенеди“ се дел од поголемата мисија на претседателот да се бори против „разбудената“ (woke) култура во федералните културни институции.

    Бројни уметници ги откажаа настапите во Центарот „Кенеди“ откако Трамп се врати на функцијата, меѓу кои и Иса Реј и Питер Волф. Лин-Мануел Миранда ја откажа планираната поставка на музиклот „Хамилтон“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира