ПУТИН ЈА ПОВИКА ВОЈСКАТА ДА ГО ОСВОИ ЦЕЛИОТ РЕГИОН ЗАПОРОЖЈЕ

    ПУТИН ЈА ПОВИКА ВОЈСКАТА ДА ГО ОСВОИ ЦЕЛИОТ РЕГИОН ЗАПОРОЖЈЕПутин збореше на состанок во Кремљ ден по телефонскиот разговор со Трамп (Фото: ДПА)

    Владимир Путин ја повика војската да ги засили напорите за целосно освојување на јужниот украински регион Запорожје откако еден руски заповедник го извести дека руските сили се на 15 километри од тамошниот најголем град. Путин збореше на состанок во Кремљ ден по телефонскиот разговор со Доналд Трамп.

    Генерал-полковникот Михаил Теплински, кој раководи со воената групација „Днипро“, му кажа на Путин дека руските сили се доближуваат до градот Запорожје, кој пред војната имал 700.000 жители. Русија моментално контролира околу 75% од Запорожје, еден од четирите украински регион што Путин незаконски ги анектираше во 2022.

    Ударните единици се оддалечени околу 15 километри од јужните предградија на градот Запорожје“, кажа Теплински, на што Путин му одговори:

    Знаеме дека непријателот што се наоѓа директно спроти вас ја подготвувал својата одбрана со години и знаеме колку е тешка ситуацијата таму. Сепак, успевате да ги исполните задачите со кои се соочува вашата групација“.

    Тој притоа му порача на Теплински дека сака офанзивата да продолжи за да се освои целиот регион Запорожје.

    Шефот на генералштабот Валери Герасимов реферираше на истиот состанок дека руските сили зазеле 6.640 квадратни километри украинска територија во 2025, вклучувајќи 334 села.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира