НЕ СЛУШНАВМЕ ДРОНОВИ ТАА НОЌ, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ НА ВАЛДАЈ, КАДЕ ШТО СЕ НАОЃА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИН КОЈА НАВОДНО БИЛА НАПАДНАТА

    НЕ СЛУШНАВМЕ ДРОНОВИ ТАА НОЌ, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИТЕ НА ВАЛДАЈ, КАДЕ ШТО СЕ НАОЃА РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ПУТИН КОЈА НАВОДНО БИЛА НАПАДНАТАЖителите велат дека обично знаат кога Путин е во резиденцијата „Долгије бороди“ (Фото: Навални.цом)

    Жителите на градот Валдај во рускиот регион Новгород велат дека не виделе и не слушнале знаци на напад со дронови вчера, кога наводно била нападната тамошната резиденција на Владимир Путин. Четиринаесетмина локални жители изјавиле за независниот медиум „Можем објаснит“ дека не примиле текстуално предупредување за закана од дронови и не слушнале звук или експлозии карактеристични за беспилотни летала.

    Немаше бучава таа ноќ, немаше експлозии, ништо. Ако такво нешто се случеше, целиот град ќе зборуваше за тоа“, кажа еден мештанин.

    Резиденцијата на Путин „Долгије бороди“ се наоѓа североисточно од градот, кој е одделен од неа со езерото Валдај.

    Обично знаеме кога Путин е тука зашто неговото доаѓање е придружено од засилен хеликоптерски сообраќај“, велат жителите.

    Информацијата за наводниот напад прв ја прошири рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој вчера кажа дека Украина употребила 91 дрон, кои биле соборени од руската противвоздушна одбрана. Притоа немало жртви и штети. Руското министерство за одбрана соопшти дека над Новгород таа ноќ биле соборени 18 дронови.

    Украина ја обвини Русија дека лаже и кажа дека досега не виделе никакви веродостојни докази за нападот. И покрај тоа, некои држави како Индија и Пакистан побрзаа да го осудат нападот, а Доналд Трамп кажа дека „не му се допаѓа тоа што се случи“.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска одби да каже каде бил Путин во времето на наводниот напад, велејќи дека таквите детали не се објавуваат. Кога новинарите го прашаа дали Русија има физички докази за да ги поткрепи своите тврдења, тој рече дека противвоздушната одбрана ги соборила дроновите, а прашањето за остатоците е за Министерството за одбрана.

    Русија кажа дека по нападот ќе ја преиспита и заостри својата преговарачка позиција и најави одмазда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира