ПРОНАЈДЕНИ 10 КИЛОГРАМИ КОКАИН ВО „БМВ“ ВО СКОПСКО ГОРНО КОЛИЧАНИ

    ПРОНАЈДЕНИ 10 КИЛОГРАМИ КОКАИН ВО „БМВ“ ВО СКОПСКО ГОРНО КОЛИЧАНИДрогата била пронајдена во специјално изработен импровизиран бункер во подвозјето на автомобилот. (Фото: МВР)

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 26-годишниот И.Е. од Скопје, откако во заедничка акција со полицијата беа пронајдени 10 килограми кокаин со висока чистота во неговиот автомобил.

    Како што соопштија од обвинителството, дрогата била откриена во текот на вчерашниот ден во скопското село Горно Количани. При претрес на возило „БМВ X5“ со скопски регистарски ознаки, во специјално изработен импровизиран бункер во подвозјето на автомобилот, бил пронајден скриениот наркотик.

    Акцијата била спроведена по претходна координација меѓу МВР и ОЈО Скопје, при што бил обезбеден налог за детален претрес од судија на претходна постапка. Возачот на автомобилот се сомничи за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори (член 215 став 1 од Кривичниот законик).

    Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и потенцијални соучесници и веројатност за повторување на кривичното дело.

    Истрагата е во тек, а надлежниот обвинител веќе издаде дополнителни наредби за да се испита потеклото на кокаинот, неговата крајна дестинација, како и можната инволвираност на други лица во овој случај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира