ОД ДЕНЕСКА ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНУВА СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА НА ПОПОВА ШАПКА

    ОД ДЕНЕСКА ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНУВА СКИЈАЧКАТА СЕЗОНА НА ПОПОВА ШАПКАСпоред кажувањата на вработените во ски-центарот, скијачките патеки се подготвени, а во функција се и ски-лифтовите и жичниците. (архивска фотографија)

    Снегот, кој неколку дена по ред паѓа на Шар Планина, конечно создаде поволни услови за скијање и други зимски спортови. На Попова Шапка има над 30 сантиметри снежна покривка, која создаде услови денеска и официјално да биде отворена зимската туристичка сезона во овој наш најголем зимски центар. Според кажувањата на вработените во ски-центарот, скијачките патеки се подготвени, а во функција се и ски-лифтовите и жичниците.

    „Денеска официјално се отвора зимската сезона 2026, ски-лифтовите ќе бидат во функција од 08:45 до 15:00 часот. Сите оние кои сè уште не купиле сезонски билети, ќе можат да ги подигнат директно на билетарата на Попова Шапка“, соопшти техничкиот директор, Станислав Бојчески.

    На располагање на посетителите им се четирите ски-лифтови: „Поток 1“, „Поток 2“, „Аеродром“ и „Ге“, како и жичниците „Свети Илија“, „Церипашина“ и новата шестоседна жичница.

    Според најновите информации кои ги споделуваат луѓето кои со автомобили тргнале кон Попова Шапка, на патот владее голема гужва и долги колони возила кои бавно се движат. Причините за ова се недоволно расчистениот пат од снегот кој деновиве интензивно врнеше, како и големиот број возила кои се упатиле кон Попова Шапка. Колоната возила била долга неколку километри.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира