АПЕЛАЦИЈА НА ЈАВНА СЕДНИЦА ДЕНЕСКА ЌЕ РЕШАВА ЗА ПРИТВОРОТ НА КОЧАН

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    АПЕЛАЦИЈА НА ЈАВНА СЕДНИЦА ДЕНЕСКА ЌЕ РЕШАВА ЗА ПРИТВОРОТ НА КОЧАН

    Апелацискиот суд денеска на пладне на јавна седница ќе расправа за притворот на Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство. Апелација ќе одлучува по жалбата на одбраната на Кочан на решението на Кривичниот суд од минатиот четврток да му одреди 30-дневен притвор на управителот на компанијата „Трансмет“. СЈО, на чие барање е јавна седницата, поднесе одговор на жалбата.

    Кочан е недостапен за органите на прогонот и по него е распишана меѓународна потерница преку Интерпол, а неговиот адвокат Никола Додевски тврди дека е на службен пат, без да прецизира каде.

    СЈО на 25 февруари отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на прес-конференција изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

    Покрај Кочан, осомничен е и Василије Авировиќ, а за него СЈО побара и судијата на претходна постапка одобри мерки на претпазливост – Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира