ТРАМП ПОКАЖА СРЕДЕН ПРСТ И ОПЦУ РАБОТНИК ПРИ ПОСЕТА НА ФАБРИКА НА „ФОРД“

    ТРАМП ПОКАЖА СРЕДЕН ПРСТ И ОПЦУ РАБОТНИК ПРИ ПОСЕТА НА ФАБРИКА НА „ФОРД“Трамп беше во посета на фабриката во Дирборн кога еден работник извикал „заштитник на педофили“ (Фото: Бела куќа)

    Доналд Трамп покажа среден прст и опцу работник во фабриката на „Форд“ во Мичиген откако бил наречен „заштитник на педофили“. Сајтот „ТМЗ“ објави кратко видео од инцидентот, а Белата куќа не ја оспори автентичноста на снимката.

    Еден лудак врескаше пцовки во целосен напад на бес, а претседателот му даде соодветен и недвосмислен одговор“, изјави портпаролот на Белата куќа, Стивен Чеунг.

    Американскиот претседател беше во посета на фабриката на „Форд“ во градот Дирборн кога еден од присутните работници извикал „заштитник на педофили“, според видео објавено на интернет. Трамп потоа може да се види како се врти кон него, му враќа со „е*и се“ и му покажува среден прст. Други работници на „Форд“ го поздравуваа Трамп и се сликаа со него.

    Извршниот директор на „Форд“, Бил Форд, го опиша инцидентот како несреќен и кажа дека е засрамен.

    Тоа беа само шест секунди од едночасовната посета, која помина одлично“, рече Форд.

    Трамп се соочи со бројни критики поради неговото справување со случајот на сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн. Дури и некои од најлојалните поддржувачи на Трамп веруваат дека владата ги крие документите што би ги откриле врските на покојниот финансиер со моќни јавни личности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира