ВО ДЕНОВИТЕ ШТО СЛЕДАТ ЌЕ ИМА ДОБРИ ВЕСТИ ОД НАШИОТ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР САД, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ВО ДЕНОВИТЕ ШТО СЛЕДАТ ЌЕ ИМА ДОБРИ ВЕСТИ ОД НАШИОТ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР САД, РЕЧЕ МИЦКОСКИСАД го суспендираа издавањето на иселенички визи за 75 држави меѓу кои и Македонија.(Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски рече дека наредните денови за македонските граѓани ќе има добри вести од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави. Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање за суспендирањето на иселеничките визи од САД за 75 држави меѓу кои и Македонија.

    „МНР веќе даде свој коментар за ова, станува збор за имигрантските визи, не за визите за студирање или туристички посети. Но, јас мислам во деновите кои што следат ќе има добри, пријатни вести за македонските граѓани кога станува збор за ваков тип на односи со нашиот стратешки партнер. Јас би бил внимателен и трпелив и очекувам многу добри вести за Македонија во наредниот период“, рече Мицкоски по посетата на реконструираната спортска сала во Кратово.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира