ГРАЃАНИ СЕ КАРАА СО ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ЗАШТО ПРАВАТ ПАУЗА ВО НЕДЕЛА КОГА Е ПОЛНО СО ПОСЕТИТЕЛИ

    ГРАЃАНИ СЕ КАРАА СО ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ЗАШТО ПРАВАТ ПАУЗА ВО НЕДЕЛА КОГА Е ПОЛНО СО ПОСЕТИТЕЛИСе создаде гужва пред кабините, а граѓаните, особено оние со мали деца, се побунија (Фото: СДК.МК)

    Граѓани кои денеска сакаа да се качат на врвот на Водно им се налутија на вработените од жичницата, кои решија да направат пауза, иако на таблата пишува дека пауза на секои половина час се прави само во работните денови.

    На Средно Водно околу 11:30 часот имаше малку луѓе и жичницата работеше без прекин. Вработените тогаш ја затворија оградата за влез, велејќи дека за нив и недела е работен ден и дека имаат право да направат пауза кога има малку луѓе. За тоа време, се создаде гужва пред кабините, а граѓаните, особено оние со мали деца, се побунија.

    Зошто да чекаме и да мрзнеме тука половина час, кога знаеме дека во викенд нема пауза? Прашавме еден од вработените и тој ни рече дека за нив и недела е работен ден. Да нѐ известеа, да пишуваше некаде, во ред, но вака не е коректно”, рече еден скопјанец.

    Вработените рекоа дека инструкции за пауза добиваат од колегите кои работат на врвот на Водно.

    Повторно се уништени поголемите транспортери за миленици кои беа донација од ЈП „Лајка”. Вработените од ЈСП за тоа ги обвинуваат несовесните граѓани, кои се обидуваат да стават поголеми кучиња во помали транспортери.

    Жичницата не работи во понеделниците, а така ќе биде и утре, и покрај продолжениот викенд.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира