ФИЛМОВИТЕ НА АИНУЗ, МУНДРУЦО, ЧАТАК, ШАНАЛЕЦ ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТНАТА МЕЧКА НА БЕРЛИНАЛЕ

    ФИЛМОВИТЕ НА АИНУЗ, МУНДРУЦО, ЧАТАК, ШАНАЛЕЦ ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТНАТА МЕЧКА НА БЕРЛИНАЛЕиректорката на фестивалот, Триша Татл, денеска ги претстави кандидатите за главната награда на Берлиналето. (Фото: ДПА)

    Памела Андерсон, Ченинг Тејтум, Ејми Адамс, Жилиет Бинош, Ел Фанин и Сандра Хилер се ѕвездите кои играат во филмовите во главната конкуреција за престижната Златна мечка на годинашниот Берлински фестивал. Директорката на фестивалот, Триша Татл, денеска ги претстави кандидатите за главната награда на Берлиналето, еден од најзначајните филмски фестивали во светот заедно со Кан и Венеција. 76. издание на фестивалот ќе се одржи од 12 до 22 февруари.

    Дваесет и два филма ќе се натпреваруваат за Златната и за Сребрената мечка во официјалната конкуренција, а 13 односно 14 дебија се во програмата Перспективи, платформата на Берлинале посветена на нови и перспективни филмски автори. Меѓу нив е и „17“, дебито на македонскара режисерка Косара Митиќ.

    Романтичната комедија „Нема добри луѓе“ на авганистанскиот режисер Шахрбану Садат го отвора фестивалот.

    Во главната конкуренција се еден дебитантски филм, еден анимиран филм и еден документарец, а дури 20 филмови ќе имаат светска премиера. Девет од филмовите се режирани или корежирани од жени, додека 14 автори се враќаат на фестивалот, од кои шестмина и претходно биле во трка за Златната мечка.

    Во конкуренцијата за Златната мечка, која во 2025 ја освои норвешкиот режисер Даг Јохан Хаугеруд за филмот „Соништа (Секс Љубов)“, е и „Кастрење на розова грмушка“ на бразилскиот режисер Карим Аинуз, во кој играат Памела Андерсон, Ел Фанинг, Калум Тарнер и внуката на Елвис Присли, Рајли Кио. Славната германска актерка Сандра Хилер игра во „Роза“ на австрискиот режисер Маркус Шлајнцер, во „Жозефина“ на Бет де Араухо игра американската ѕвезда Ченинг Тејтум, а во „Покрај морето“ на Корнел Мундруцо игра Ејми Адамс. Во конкуренциата се и три филма на германски режисери: „Жолти писма“ на Илкер Чатак, „Мојата сопруга плаче“ на Ангела Шанелец и „Нешто многу посебно“ на Ева Тробиш.

    Програмата Перспективи се враќа со своето второ издание, со вкупно 13 долгометражни дебија, од кои 11 ќе имаат светска премиера. Шест од филмовите се режирани од жени, а европските продукции и копродукции повторно имаат централно место во програмата.

    Режисерската легенда Вим Вендерс, познат по класиците „Париз, Тексас“ и „Небото над Берлин“, годинава ќе претседава со Меѓународното жири. Актерката Мишел Јео ќе ја добие почесната Златна мечка за животно дело, а композиторот Макс Рихтер ќе добие „Берлинале камера“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира