МАШИНОВОЗАЧ ЗАГИНА ВО ВТОРАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА ВО ДВА ДЕНА

    МАШИНОВОЗАЧ ЗАГИНА ВО ВТОРАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА ВО ДВА ДЕНАНесреќата се случи во услови на силно невреме во североисточна Шпанија (Фото: Итни служби на Каталонија)

    Едно лице загина, а 37 се повредени во втората железничка несреќа во Шпанија во последните неколку дена.

    До несреќата дошло кога патнички воз удрил во потпорен ѕид кој паднал на пругата близу Барселона, по што излетал од шините. Противпожарните служби на Каталонија кажаа дека сите патници се извлечени од возот, а во несреќата загинал машиновозачот. Петмина од повредените се во сериозна состојба.

    Несреќата се случи во услови на силно невреме во североисточна Шпанија.

    Најмалку 42 луѓе загинаа во судирот на два воза во јужна Шпанија во неделата вечер. Истражната комисија на државните железници започна анализа зошто возот што патувал северно од Малага излетал од шините на прав дел од трасата, судирајќи се со воз што доаѓал од спротивната насока, кој исто така излетал од шините. Шпанската влада ја опиша оваа несреќа како исклучително чудна и засега не се знае точната причина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира