ТРАМП НАЈАВИ ДОГОВОР ЗА ГРЕНЛАНД, МЕДИУМИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ТОЈ НЕ ПРЕДВИДУВА ЦЕЛОСНА АМЕРИКАНСКА КОНТРОЛА ВРЗ ОСТРОВОТ

    ТРАМП НАЈАВИ ДОГОВОР ЗА ГРЕНЛАНД, МЕДИУМИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ТОЈ НЕ ПРЕДВИДУВА ЦЕЛОСНА АМЕРИКАНСКА КОНТРОЛА ВРЗ ОСТРОВОТТрамп се откажа од трговска војна со европските сојузници и истакна дека САД нема да употребат сила за да го добијат Гренланд (Фото: АП)

    Доналд Трамп објави дека САД разгледуваат можен договор за Гренланд откако вчера разговараше со шефот на НАТО, Марк Руте, на Светскиот економски форум во Давос и потоа се откажа од заканите за воведување нови царини за осум европски сојузници. Тој понуди малку детали за разговорите, што двајцата ги опишаа како продуктивни, но дипломатски извори изјавија за Си-Би-Ес дека со договорот не се исполнува барањето на Трамп за американска контрола или сопствеништво врз полуавтономната данска територија.

    Формиравме рамка за иден договор во однос на Гренланд и целиот арктички регион. Ова решение, доколку се постигне, ќе биде одлично за САД и сите членки на НАТО“, кажа Трамп.

    Данскиот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен со олеснување изјави дека „денот завршува подобро отколку што започна“.

    „Сега, ајде да седнеме и да откриеме како можеме да одговориме на американските безбедносни грижи на Арктикот, почитувајќи ги црвените линии на Данска“, рече Расмусен.

    По разговорот со Руте, Трамп кажа дека можниот договор би ги вклучил и правата за минералите со кои располага Гренланд и дека европските сојузници би можеле да работат заедно на американскиот ракетен штит „Златна купола“.

    Тоа е врвен долгорочен договор. Ги става сите во навистина добра позиција, особено кога станува збор за безбедноста и минералите“, рече Трамп.

    Според американските медиуми, можниот план би им дозволил на САД да изградат повеќе воени бази на Гренланд, слично на британските бази во Кипар, кој е дел од британските прекуморски територии. Според сегашниот договор со Данска, САД можат да донесат колку што сакаат војници на Гренланд, иако моментално ги има само стотина во базата Питуфик.

    Трамп претходно се закани дека на 1 февруари ќе воведе царини од 10% за Велика Британија, Франција, Германија, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска поради нивното отворено противење на неговите планови за преземање на Гренланд. По средбата со Руте, Трамп се откажа од трговска војна со сојузниците, а во својот говор во Давос истакна дека САД нема да употребат сила за да го добијат Гренланд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира