МОЈАТА ПОРАКА ЗА ПУТИН Е ДЕКА ВОЈНАТА МОРА ДА ЗАВРШИ, КАЖА ТРАМП ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ ВО ДАВОС

    МОЈАТА ПОРАКА ЗА ПУТИН Е ДЕКА ВОЈНАТА МОРА ДА ЗАВРШИ, КАЖА ТРАМП ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ ВО ДАВОСЗеленски кажа дека документите за завршување на војната се речиси подготвени (Фото: АП)

    Доналд Трамп му испрати порака на Владимир Путин дека војната во Украина мора да запре откако денеска се сретна со Володимир Зеленски на маргините на Светскиот економски форум во Давос. По средбата која траеше еден час, Трамп кажа дека имал многу добар разговор со Зеленски, без да изнесе детали.

    Тој вчера изјави дека крајот на војната е „разумно блиску“ и ги испрати специјалниот пратеник Стив Виткоф и својот зет Џаред Кушнер на разговори со Владимир Путин во Москва.

    Мислам дека средбата со Зеленски помина добро. Тоа е тековен процес“, рече Трамп.

    Запрашан која е неговата порака за Путин, тој кажа: „Војната мора да заврши“.

    Зеленски кажа дека документот за американските безбедносни гаранции за Украина е готов.

    „Со Трамп се согласивме за документ за безбедносни гаранции. Тој треба да се потпише, но тоа ќе се случи дури откако ќе заврши војната“, рече Зеленски.

    Зеленски кажа дека и документите за завршување на војната се речиси подготвени.

    Украина работи чесно и решително, но Русија мора да биде подготвена да ја заврши оваа агресија и да прифати компромиси“, кажа Зеленски.

    Тој најави дводневни трилатерални разговори на американска, украинска и руска делегација во Абу Даби, што ќе почнат утре.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира