БЕЛАТА КУЌА ОДРЕДИ ДА СЕДАМ ВЕДНАШ ДО ТРАМП, КАЖА КОСОВСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ВЈОСА ОСМАНИ ЗА ЦЕРЕМОНИЈАТА ВО ДАВОС

    БЕЛАТА КУЌА ОДРЕДИ ДА СЕДАМ ВЕДНАШ ДО ТРАМП, КАЖА КОСОВСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА ВЈОСА ОСМАНИ ЗА ЦЕРЕМОНИЈАТА ВО ДАВОСОсмани изјави дека нејзиното место веднаш до претседателот Трамп било резултат на претходно утврдени правила од Белата куќа. (Фото. Фејсбук)

    Косовската претседателка Вјоса Османи во гостување на косовска телевизија рече дека секој сегмент од нејзината средба со претседателот на САД, Доналд Трамп, бил прецизно планиран од американските служби. Таа кажа дека правилата за седењето, пристигнувањето и самото потпишување за време на церемонијата на Мировниот одбор во Давос биле целосно под контрола на Белата куќа, одговарајќи на прашањето зошто баш таа седела веднаш до американскиот претседател

    Османи изјави дека нејзиното место веднаш до претседателот Трамп било резултат на претходно утврдени правила. Според неа, американската администрација ги диктирала сите протоколарни норми за настанот, вклучувајќи го и начинот на кој учесниците пристапуваат до местото на потпишување. Таа вели дека секое движење и технички детал биле дел од официјалната агенда на организаторот.

    На прашањето за изборот на црвениот фустан за време на церемонијата, таа одговори дека тоа е нејзина омилена боја што многу ја сака. Иако протоколот на Белата куќа ги покривал сите технички аспекти на средбата, изборот на бојата бил нејзина лична одлука. Османи во разговорот сподели дека комуникацијата со Трамп била многу позитивна и претставува продолжување на дијалогот започнат на самитот на ОН во септември.

    Вчера во Давос, aмериканскиот претседател Доналд Трамп го промовираше својот Мировен одбор, првично замислен да го зацврсти нестабилниот прекин на огнот во Газа, но за кој тој предвидува дека ќе преземе поширока улога која предизвикува загриженост кај другите светски сили, иако изјави дека телото ќе соработува со Обединетите нации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира