Израелската војска го прими телото на последниот заложник во Газа. Останките на војникот Ран Гвили беа барани од почетокот на примирјето во октомври.
Според мировниот план, Хамас требаше да ги врати сите заложници, живи и мртви, во првите 72 часа по почетокот на примирјето. Во меѓувреме беа ослободени 20-темина живи заложници и беа предадени телата на 27-мина израелски и странски заложници, но Хамас со недели не можел да ги лоцира останките на Гвири. Израел вчера кажа дека повторно ќе го отвори граничниот премин во Рафа откако ќе биде пронајден Гвири.
„Враќањето на Гвири е исклучително постигнување. Ветивме дека ќе ги вратиме сите заробеници“, кажа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, изјави дека пронаоѓањето на последното тело покажува дека Хамас е посветен кон договорот за примирје.
Враќањето на останките на Гвири, кој загина на 7 октомври 2023, го отвора патот за почеток на втората фаза од мировниот план за Газа, која вклучува обнова и целосна демилитаризација на енклавата.



