ВРНЕЖИТЕ И НЕИСЧИСТЕНИТЕ РЕЧНИ КОРИТА ПОВТОРНО ПРЕДИЗВИКАА ПОПЛАВИ ВО СТРУМИЧКО

    ВРНЕЖИТЕ И НЕИСЧИСТЕНИТЕ РЕЧНИ КОРИТА ПОВТОРНО ПРЕДИЗВИКАА ПОПЛАВИ ВО СТРУМИЧКОПод вода беа и дел од површините под пластеници во непосредна близина на реката. (Фото: СДК.МК)

    Неисчистеното речно корито од шамак и трски, но и надојдените води од реката Тркајна повторно предизвикаа поплави во Чифлик Маалото во Муртино, а под вода беа и дел од површините под пластеници во непосредна близина на реката. Во Муртино жителите ги вклучија пумпите за да се испразнат дворните места од вода. На одредени позиции мораше да се прекопа и улицата за да се испразнат дворовите.

    „Малку недостасуваше водата да влезе и дома. Пред две децении исто така имавме поплава и моравме да спиеме кај сестра ми. Сето тоа е резултат што редовно не се чистат речните корита, но и отпадот кој несовесни граѓани го фрлаат таму. Доста само си ја префрлуваат одговорност, надлежните ќе мора контуинирано да го чистат речното корито на потегот од Сачево и Муртино“, кажа Зоран Гонев, во чиј двор под вода му заглавија околу 13 илјади корени пролетна зелка.

    Во дворот на Зоран Гонев под вода му заглавија околу 13 илјади корени пролетна зелка. (Фото: СДК.МК)

    По вечерашните обилни врнежи, надојдената вода од Тркајна го проби трапот на  Стара Река меѓу Сачево и Муртино. Дел од водата се излеа во површините, а дел заврши во десетината дворни места од Чифлик Маало. Земјоделците велат дека надлежните мора да најдат решение за овој проблем.

    „Освен редовно чистење на реката од шамак и трска ќе мора да се зајакнат и подигнат траповите на речното корито. При секои обилни врнежи или надојдени води од Тркајна нашите посеви се под вода“, вели Живко Јовев.

    Струмички „Комуналец“ беше на терен и ги санираше последиците и се заблагодари на приватните компании кои ја ставиле на располагање механизацијата за нормализирање на состојбите на терен, а до граѓаните апелираа да не се депонира земјоделскиот отпад во речните корита.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира