БИОГРАФИИТЕ НА САВЕСКИ, РИСТОСКА, РАИЧЕВИЌ, ПАНЧЕВСКИ И ТОПОЛОВА-ИСАЈЛОВСКА СОБРАНИЕТО ГИ ИСПРАТИ ДО ВЛАДАТА, НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЗА 15-ИНА ДЕНА

    БИОГРАФИИТЕ НА САВЕСКИ, РИСТОСКА, РАИЧЕВИЌ, ПАНЧЕВСКИ И ТОПОЛОВА-ИСАЈЛОВСКА СОБРАНИЕТО ГИ ИСПРАТИ ДО ВЛАДАТА, НОВ ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЗА 15-ИНА ДЕНАКандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право. - Ненад Савески, Ленче Ристоска и Лидија Раичевиќ (Фото: СДК.МК)

    Биографиите на нашата обвинителката во Еуроправда Ленче Ристоска, на судијата за организиран криминал и корупција Ненад Савески (поранешен обвинител), потоа на обвинителката Лидија Раичевиќ која го води предметот со спортските ваучери, на експретседателот на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски и на в.д. Државната обвинителка Анита Тополова-Исајловска, Собранието денеска ги испрати до Владата.

    Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари 2026 година. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

    Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Ако Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас.

    Државен јавен обвинител се бира со 61 глас од пратениците.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира