СО ВИЗА ДОБИЕНА ОД ЕДНА ЗЕМЈА-ЧЛЕНКА ТРАНСПОРТЕРИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ВО ШЕНГЕН ЗОНАТA БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ПРОБЛЕМОТ Е РЕШЕН

    СО ВИЗА ДОБИЕНА ОД ЕДНА ЗЕМЈА-ЧЛЕНКА ТРАНСПОРТЕРИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ВО ШЕНГЕН ЗОНАТA БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, НИКОЛОСКИ ВЕЛИ ПРОБЛЕМОТ Е РЕШЕНПревозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина од 26 јануари протестираат со блокирање на граничните премини.(Фото: СДК.МК)

    Со виза добиена од една земја членка на Европската унија (ЕУ) транспортерите ќе можат да возат во Шенген зоната без органичување на денови за престој. Ова е договорено на состаноците во Европската унија откако превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина од 26 јануари протестираат со блокирање на граничните премини.

    Министерот за транспрот и врски Александар Николоски денеска соопшти дека добил одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија.

    „Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е тоа што го баравме. Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи“, вели Николоски.

    Во документот кој го објави Николоски, се вели дека Европската Комисија (ЕК) тесно ќе соработува со земјите членки за да се најдат прагматични решенија со цел да се овозможат продолжени краткорочни престои за одредени категории државјани на трети земји.

    „Овие размислувања ќе ја опфатат и можноста за воведување ново законодавство на ниво на ЕУ со специфичен сет правила за продолжени краткорочни престои. Во овој контекст, Комисијата ќе го преиспита влијанието на постојните билатерални договори што дозволуваат продолжен престој“, се вели во документот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира