ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ КАМЕРИ НА 160 ЛОКАЦИИ ВО ШТИП ЗАРАДИ ОТКРИВАЊЕ УНИШТУВАЊА НА ЈАВНО ДОБРО

    ЌЕ СЕ ПОСТАВАТ КАМЕРИ НА 160 ЛОКАЦИИ ВО ШТИП ЗАРАДИ ОТКРИВАЊЕ УНИШТУВАЊА НА ЈАВНО ДОБРО"е се постават камери на 160 локации, од дворови на училишта и градинки, па до паркови и други јавни површини и објекти.

    Наскоро во Штип ќе почне да работи системот „Безбеден град“, но не за регистрација на сообраќајните прекршоци, туку ќе биде со превентивен карактер и во функција на откривање девијатни појави и оштетувања на јавни површини, објекти и општи добра. Според општинските власти,  во Штип  ќе се постават камери на 160 локации, од дворови на училишта и градинки, па до паркови и други јавни површини и објекти.

    Овој систем се воведува по низата уништувања на клупи, контејнери, канделабри, оштетувања на објекти од јавен интерес, детски игралишта и слично. Камерите ќе бидат достапни и за СВР Штип за утврдување факти, како доказен материјал во врска со девијантните појави.

    „Во последните години честа е појавата на уништување урбана опрема и разни други девијантни однесувања. Комуналните инспектори ќе имаат автентичен доказен катеријал, затоа што овој систем ќе располага со 24-часовен мониторинг центар кој ќе биде сместен во општинската зграда и веднаш, уште за време настанот, ќе дава информација дека на одредена локација се случува некакво девијатно однесување“, велат од Општината.

    Според планираното, овој систем во втората фаза ќе се надополни со сообраќајниот проект на МВР „Безбеден град “ за регистрација на сообраќајните прекршоци, кој од први февруари почна да разботи во Скопје, Куманово и Тетово и во наредниот период ќе се проширува и во останатите градови во Македонија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира