ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА МАЖОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГО УБИЕ ТРАМП НА ГОЛФ ТЕРЕН ВО ФЛОРИДА

    ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА МАЖОТ КОЈ СЕ ОБИДЕ ДА ГО УБИЕ ТРАМП НА ГОЛФ ТЕРЕН ВО ФЛОРИДАРаут беше прогласен за виновен за пет кривични дела по судењето на кое сам се бранеше (Фото: АП)

    Педесет и деветгодишниот Рајан Раут е осуден на доживотен затвор за обид за убиство на Доналд Трамп на голф терен во Флорида помалку од два месеца пред претседателските избори во 2024. Во септември, Раут беше прогласен за виновен за пет кривични дела по судењето на кое сам се бранеше.

    Откако поротата го прогласи за виновен, Раут се обиде да се прободе во вратот со пенкало, пред да биде брзо изведен од судницата.

    Тој беше уапсен откако агент на Тајната служба забележал како цевка од пушка штрчи од грмушка, по што пукал кон него. Раут се обидел да избега, но набргу бил фатен.

    Злосторствата на Раут несомнено заслужуваат доживотна казна затвор. Тој презеде чекори за да го убие еден од главните претседателски кандидати, покажа волја да убие секого на патот и оттогаш не изрази ниту жалење, ниту каење кон своите жртви“, изјави судијката Ајлин Канон.

    Тоа се случи само два месеца откако Трамп беше лесно ранет во обид за атентат на митинг во Батлер, Пенсилванија. Тогаш загина едно лице, а напаѓачот Томас Крукс беше убиен од полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира