ПОЛСКА ПРИВРЕМЕНО ЗАТВОРИ ДВА АЕРОДРОМА ПОРАДИ ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД ВРЗ УКРАИНА

    ПОЛСКА ПРИВРЕМЕНО ЗАТВОРИ ДВА АЕРОДРОМА ПОРАДИ ГОЛЕМ РУСКИ НАПАД ВРЗ УКРАИНАЗеленски кажа дека Русија лансирала повеќе од 400 дронови и околу 40 проектили (Фото: Телеграм)

    Полска привремено затвори два аеродрома и превентивно крена борбени авиони откако Русија лансираше голем воздушен напад врз Украина. Аеродромите во Лублин и Жешов, кои се наоѓаат близу границата со Украина, повторно беа отворени по некое време откако заврши операцијата на военото воздухопловство.

    Володимир Зеленски кажа дека Русија денеска лансирала повеќе од 400 дронови и околу 40 проектили од различен тип, но полската војска соопшти дека немало нарушувања на воздушниот простор на Полска. Мета на нападот биле електричната мрежа, производствени постројки и дистрибутивни трафостаници.

    Секој ден, Русија може да избере вистинска дипломатија, но избира нови напади. Клучно е секој што ги поддржува трилатералните преговори да одговори на ова. Москва мора да биде лишена од можноста да го користи студот како средство против Украина“, кажа Зеленски.

    Министерот за енергетика Денис Шмихал изјави дека се погодени две термоелектрани во западните региони на Украина и основни елементи за дистрибуција на електрична енергија. Русија продолжува да ја уништува енергетската инфраструктура на Украина додека се очекува температурите да паднат до -19 степени во следните денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира