СУСПЕНДИРАНА ПОЛИЦАЈКА ОД КОЧАНИ КОЈА ГРАБНАЛА И ИСТЕПАЛА КОЛЕШКА ОД ШТИП

    СУСПЕНДИРАНА ПОЛИЦАЈКА ОД КОЧАНИ КОЈА ГРАБНАЛА И ИСТЕПАЛА КОЛЕШКА ОД ШТИППолицајката насилно ја внела колешката во кола и почнала да ја удира по телото и не ѝ дозволила да излезе и да си замине. (Фото: СДК.МК)

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерство за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против полицајка од Кочани која грабнала и истепала колешка во Штип. Пријавата до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип е поднесена против Ј. Н., поради сомнение дека сторила кривично дело Противправно лишување од слобода, казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик.

    Според информациите од МВР, пријавената, која е вработена во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани при СВР Штип, на 13 септември 2025 на местото Суитлак во Штип, се сретнала со колешка вработена во МВР како полицајка-приправник во Одделението за полиција при СВР Штип. По средбата, Ј. Н. насилно ја внела колешката во патничко возило „БМВ“, со кое пристигнала на местото, по што почнала физички да ја напаѓа, удирајќи ја по телото. Според пријавата, таа не ѝ дозволила да го напушти возилото и да си замине, со што ѝ ја ограничила слободата на движење.

    Од МВР велат дека покрај кривичната пријава, против Ј. Н. ќе биде поднесен и предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност. До завршување на дисциплинската постапка, ќе ѝ биде изречена мерка задолжително отстранување од работното место, односно суспензија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира