ИРАН ПРЕДЛАГА ДОГОВОР СО САД ОД КОЈ ДВЕТЕ ДРЖАВИ ЌЕ ИМААТ ЕКОНОМСКИ ПРИДОБИВКИ И БИ ГИ ВКЛУЧИЛ И НАФТАТА И ГАСОТ

    ИРАН ПРЕДЛАГА ДОГОВОР СО САД ОД КОЈ ДВЕТЕ ДРЖАВИ ЌЕ ИМААТ ЕКОНОМСКИ ПРИДОБИВКИ И БИ ГИ ВКЛУЧИЛ И НАФТАТА И ГАСОТИран вели дека е подготвен да направи компромис за својата нуклеарна програма во замена за ублажување на санкциите (Фото: АП)

    Иран се стреми кон нуклеарен договор со САД што ќе донесе економски придобивки за двете страни, изјави ирански дипломат пред втората рунда разговори помеѓу Техеран и Вашингтон.

    Иран и САД ги обновија преговорите овој месец во обид да спречат нова воена конфронтација. И покрај тоа, САД испратија втор носач на авиони во регионот и се подготвуваат за можноста за продолжена воена кампања доколку разговорите не успеат, изјавија американски претставници.

    Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека претседателот Трамп преферира дипломатија и договор, но истовремено јасно ставил до знаење дека тоа можеби нема да се случи.

    „Никој никогаш не успеал да постигне успешен договор со Иран, но ние ќе се обидеме“, рече Рубио.
    Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази на Блиски Исток доколку биде нападнат, но и кажа дека е отворен за соработка со САД.

    „Заради трајноста на договорот, од суштинско значење е САД да имаат економска корист од него. Заедничките интереси во нафтените и гасните полиња, инвестициите во рударството, па дури и купувањето авиони се вклучени во преговорите“, рече заменик-директорот за економска дипломатија на иранското Министерство за надворешни работи, Хамид Ганбари.

    Следната средба САД-Иран треба да се одржи утре во Женева и американската страна повторно ќе ја застапуваат специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Оман е посредник во разговорите.

    Стив Виткоф и Џаред Кушнер ќе патуваат за да имаат важни состаноци и ќе видиме како ќе се одвива тоа“, рече Рубио.

    Заменик-министерот за надворешни работи Маџид Тахт-Раванчи, најави дека Иран е подготвен да направи компромис за својата нуклеарна програма во замена за ублажување на санкциите, изјавувајќи за Би-Би-Си дека „Америка треба да докаже дека сака да склучи договор“. Сепак, тој нагласи дека Иран нема да прифати целосно откажување од збогатување ураниум, негирајќи дека неговата цел е развој на нуклеарното оружје.

    САД во исто време го засилуваат економскиот притисок врз Иран, при што со Израел договориле да работат на намалувањето на извозот на иранската нафта во Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира