Зоран Јовановски е првиот македонски спортист кој ќе настапи на зимски параолимписки игри, објави Скијачката федерација на Македонија (СФМ). Зимската параолимпијада во Милано и Кортина ќе трае од 6 до 15 март.
„Ова е историски чекор за скијачките спортови во Македонија и доказ дека со визија, системска работа и посветен тим можеме да поместуваме граници и да создадеме нови страници во спортската историја“, соопшти СФМ.
Јовановски, кој се натпреварува во параскијање, испиша историја и во 2024, кога дебитираше на трки од календарот на Светската скијачка федерација.



