АКТИВИСТИ ЈА ЗАКАЧИЈА ВО ЛУВР ФОТОГРАФИЈАТА ОД ЕНДРУ ПОСЛЕ ПРИТВОРОТ

    АКТИВИСТИ ЈА ЗАКАЧИЈА ВО ЛУВР ФОТОГРАФИЈАТА ОД ЕНДРУ ПОСЛЕ ПРИТВОРОТАктивистите ја закачија фотографијата членот на британското кралското семејство во Лувр за  за да покажат „како светот ќе го памети“ поранешниот принц. (Фото: „Сте го мразат Илон)

    Непрофитната организација „Сите го мразат Илон“ ја закачи во Лувр сега веќе славната фотографија од апсењето на Ендру Маунбатен-Виндзор, по неговото приведување под сомнение за тешка злоупотреба на јавна функција.

    Фотографијата беше изложена 15 минути.

    Активисти ја закачија фотографијата од членот на британското кралското семејство во Лувр за да покажат „како светот ќе го памети“ поранешниот принц. Тие ја закачија со напис „Сега се препотува“, алузија на интервјуто од 2019 со Емили Мејтлис, кое беше оценето како катастрофално. Во интервјуто  поранешниот кралски член тврдеше дека не може да се поти и дека затоа Вирџинија Гифре лажела кога изјавила дека го видела испотен во ноќен клуб.

    Гифре, која лани се самоуби, го обвини Ендру Маунбатен-Виндзор дека имал сексуален однос со неа кога била малолетна и дека била жртва на трговија со луѓе од страна на педофилот и финансискиот магнат Џефри Епстин.

    На фотографијата, Ендру седи на задното седиште од „ренџ ровер“ откако ја напуштил полициската станица во Норфолк, неколку часа по неговото апсење на 19 февруари под сомнение за злоупотреба на јавна функција. Тој помина 11 часа во полициски притвор.

    „Сакавме да му покажеме на поранешниот принц Ендру како светот ќе го памети, поставувајќи ја оваа легендарна фотографија од апсењето во Лувр. Се надеваме дека ова е само почеток. Правда за сите жртви на Епстин,“ изјавија членови на групата за „Ројтерс“.

    Фотографијата била отстранета 15 минути подоцна од вработените во музејот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира