ПУТИН НЕ ГИ СКРШИ УКРАИНЦИТЕ И НЕ ГИ ОСТВАРИ СВОИТЕ ЦЕЛИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ НА ЧЕТВРТАТА ГОДИШНИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА РУСКАТА ИНВАЗИЈА

    ПУТИН НЕ ГИ СКРШИ УКРАИНЦИТЕ И НЕ ГИ ОСТВАРИ СВОИТЕ ЦЕЛИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ НА ЧЕТВРТАТА ГОДИШНИНА ОД ПОЧЕТОКОТ НА РУСКАТА ИНВАЗИЈАРусија денес контролира нешто помалку од 20% од Украина, што го постигна со огромни жртви (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека Владимир Путин не успеал да ги скрши Украинците, додека Украина ја одбележува четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија. Во девет часот по локално време, во многу делови од земјата се одржа минута молчење во чест на жртвите.

    Денеска се навршуваат четири години откако Владимир Путин го почна својот тридневен напад за да го заземе Киев. И тоа кажува многу за нашиот отпор и за тоа како Украина се борела цело ова време. Зад тие зборови стојат милиони наши луѓе, огромна храброст, неверојатно напорна работа, упорност и долгиот пат што Украина го прави од 24 февруари 2022“, кажа Зеленски.

    Тој порача дека Путин не ги остварил своите цели по четири години војна.

    Свртувајќи се кон почетокот на инвазијата и размислувајќи за денешниот ден, имаме целосно право да кажеме: ја одбранивме нашата независност, не ја изгубивме нашата државност, Путин не ги постигна своите цели. Тој не ги скрши Украинците, тој не ја доби оваа војна. Ја зачувавме Украина и ќе направиме сè за да постигнеме мир и правда“, додаде Зеленски.

    Тој истовремено го повика Доналд Трамп да остане на страната на Украина.

    Мислам дека Трамп и неговиот тим сакаат да ја завршат оваа војна. Имаме добра комуникација со САД и нивниот преговарачки тим“.

    Целосната руска инвазија на Украина започна во раните утрински часови на 24 февруари 2022, кога Путин го означи почетокот на „специјална воена операција“. Шест дена порано, САД проценија дека на украинските граници се собрани меѓу 169.000 и 190.000 руски војници.

    Во својот говор на 24 февруари, Путин кажа дека неговата цел е демилитаризација и денацификација на Украина, а не присилна окупација. Откако не успеа да го освои Киев, руската војска по неколку недели се повлече од тој дел на Украина, а Путин ја насочи офанзивата кон источниот регион Донбас. Русија денес контролира нешто помалку од 20% од Украина, што го постигна со огромни жртви.

    Според извештај на Обединетите нации од декември, во Украина досега загинале околу 15.000 цивили, од кои најмалку 763 деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира