МВР И АНБ ПРОЦЕНИЈА ДЕКА ГРУБИ НЕМА ДА БИДЕ БЕЗБЕДЕН ВО ЗАТВОР, ВЕЛАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР

    МВР И АНБ ПРОЦЕНИЈА ДЕКА ГРУБИ НЕМА ДА БИДЕ БЕЗБЕДЕН ВО ЗАТВОР, ВЕЛАТ ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОРОд Обвинителството велат дека од исклучителна важност е што Груби е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон.(Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност процениле дека поранешниот вицепремиер Артан Груби нема да биде безбеден во затворот Шутка и затоа била побарана мерка „домашен притвор“. Ова денеска го соопштија од Јавното обвинителство по реакциите за обезбедување куќен притвор за Груби кој е обвинет во предметот „Државна лотарија“,

    „Обвинителството нагласува дека, согласно Законот за кривична постапка, мерката куќен притвор, особено кога се реализира со 24-часовен надзор, е исто така притворска мерка, која не се издржува во затворски услови само затоа што постојат специфични услови за тоа. Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка“, се вели во соопштението од Обвинителството.

    Од Обвинителството велат дека од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид.

    По 14 месеци бегство во Косово Груби вчера сам се предаде на полицијата на граничниот премин Блаце. Покрај Груби осомничен во овој случај е и Прпарим Бајрами, претседател на Управниот одбор и Генерален директор на „Државна лотарија“, кој е во бегство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира