ТЕТОВО СО ЕКОЛОШКИ БИЛБОРД ЌЕ ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ

    ТЕТОВО СО ЕКОЛОШКИ БИЛБОРД ЌЕ ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТТетовцигоприфатијаова“Градскодрво“ноделоднивсесомневаатдекаќебидеефикасновосправувањетосеенормнотозагадувањенаградскиотвоздух.(Фото:СДК.МК)

    Во центарот на Тетово е поставен првиот Еко билборд кој има цел да го прочистува воздухот во градот. Овој билборд, кој е наречен и „Градско дрво“ (City tree) е комбинација од специфични култури на мовови со васкуларни растенија кои ги одстрануваат ПМ честичките, азотните оксиди и озонот од амбиенталниот воздух.

    Овие растенија ја привлекуваат и фаќаат ситната прашина од ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките и ја претвараат во фитомаса која ја користат како исхрана. Така, овој растителен филтер има способност да наутрализира 240 тони јаглерод диоксид годишно односно да го компензира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и има ист ефект како 275 дрвја.
    Благодарение на соларните панели и системот за фаќање на дождовните води, билбордот е самоодржив и е потребно сервисирање од само неколку часа годишно.

    Тетовци го прифатија ова „Градско дрво“, но дел од нив се сомневаат дека ќе биде ефикасно во справувањето се енормното загадување на градскиот воздух.

    „Вака изгледа интересно а можеби и ќе помогне во прочистувањето на воздухот“, „Убаво би било кога би можело да го прочисти воздухот ама во Тетово има толку многу загадувачи што не знам колку овој билборд ќе може да помогне“, „Добро е ама општинските власти треба да се садат повеќе дрвја, тоа се вистинското решение за почист воздух“, „Не знам, првпат гледам вакво нешто, можеби и ќе биде од некаква корист“, се само дел од мислењета на тетовци за оваа нова мерка во борбата за почист воздух.

    „Градско дрво” е донација од Германија преку невладината „Еко-свест“, и со парична помош од неколку фирми од Македонија а неговата вредност изнесува околу 25.000 евра. Вакви еколошките билборди се веќе поставени во поголемите градови низ светот како во Берлин, Дрезден, Париз, Осло, Хонг Конг, а во Македонија се поставени во Тетово и во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира